Откако ќе се препишат очила,лекувањето се концентрира на амблиопијата ,на амблиопното(страбично) око. Се форсира употребата на амблиопното око,а се кочи активноста на окото кое добро,право гледа (водечко око). За таа цел, неколку дена се затвора водечкото око,а еден ден страбичното око за да не се развие амблиопија и на водечкото око. Односот на затворање на водечкото око спрема страбичното око изнесува 3:1,4:1,5:1,зависно од амблиопијата и резултатите од затворањето. Затворањето на водечкото око може да биде и по неколку часа секој ден,обично по 3-4 или 5-6 часа зависно од искуството на страбологот. Окото се затвора со фластер кој се прилепува на стаклото од очилата или се става специјален оклудер од гума или комплетен завој. Најдобри резултати се постигнуваат во првите години од раѓањето на детето т.е. до втората односно третата година.Ако страбизмот се појави подоцна, во 5-6 година,со изразито ексцентрична фиксација,прво се прави оклузија на страбичното око за да се разлабави ненормалната фиксација. Во кабинетите за плеоптика лекувањето на ексцентричната фиксација(рецентрирање)се врши со специјални апарати како што се еутископ,проектоскоп,кординатор и плеоптофор.
Лечењето со оклузија најчесто се применува и дава најдобри резултати за лекување на амблиопијата.






