Иако оптиметријата во Македонија е класифицирана како здравствена професија, системот ги препознава само прегледите од офталмолозите.
Иако студиите за Оптометрија и очна оптика на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има дозвола за оваа струка повеќе од 8 години, сега околу 500 обучени оптометристи во Македонија работат во сивата зона, затоа што нивната професија не е законски регулирана. Тие немаат право да ја завршат работата за која се школувале и да наплаќаат за своите услуги, иако за време на нивното тригодишно студирање тие се стекнаа со компетенции усогласени со оние во Европската унија, а инвестираа околу 2,000 евра во своето образование. Покрај тоа, кога ќе се додадат сите инвестициите како сместување, исхрана, како и во училишната опрема, досега се инвестирани околу минимум 5,000 евра од студент за едукација на еден оптометрист.
Оптометристите со години бараат институции да ги усогласат регулативите, кои, како што тврдат, би донеле заштеда на здравствениот систем и корисниците, би ги зголемиле приходите на оптиките, но и ќе им олеснуваат на офталмолозите, кои би имале повеќе време да се справат со нивната примарна работа, третирање на очните болести, извршување на хирушките интервенции на очите и др. Уште повеќе, бидејќи првиот очен преглед од страна на офталмолозите во македонските болници е речиси на врвот на листите на чекање, со што голем дел од нивното работно време го трошат на првичните прегледи, наместо на својата примарна дејност. Патем, оптиметријата е релативно млада професија, а главно се занимава со корекција на видот, од утврдување на диоптрја до препознавање на болести за кои е потребна услуга од офталмолог.
Како што е наведено на веб-страницата на од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, по завршувањето на студиите за оптометрија и очна оптика, студентите се стекнуваат со диплома „Дипломиран техничар Оптометрист“, како и целосно стручно знаење во областана на оптичка корекција на рефракција и други аномалии на окото, самостојно работење при одредување на диоптрија и препишување на очила, контактни леќи и други помагала за подобрување на видот. Се чини дека нема никаква пречка тие да имаат овластување самостојно да извршат преглед на видот и да препишат рецепт за очила или контактни леќи. Сепак, иако оптиметријата во Македонија е класифицирана како здравствена професија, таа не е регулирана, здравствениот систем ги препознава само прегледите од офталмолозите.
„Добар дел од оптометристите кои се образуваа на споменатата студиска програма влегоа на пазарот на трудот, но иако вршат прегледи во рамките на нивната стручност, тие немаат право да се потпишат и не можат да препишат помагала. Затоа прегледите за очи се бесплатни кај многу оптики или се наплатуваат со симболични цени“. Обуката на оптометристите е многу пократка и затоа е поевтина од обуката на офталмолозите, така што нивните услуги имаат многу пониска цена. Повеќе од десет години се бориме за статусот на Оптометрист, откако ги видовме позитивните искуства на другите држави, но наидуваме на големи бариери што најмногу ги поставуваат офталмолозите, кои делуваат како монополисти и ги гледаат оптиметристите како непожелна конкуренција.
„Македонија нема мастер план во кој би биле разработени потребите за одредени струки, а студиската програма за Оптометрија и очна оптика наУниверзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е само една од многуте студии што биле иницирани од некои министри за образование без да се консултира професијата. Покрај тоа, тоа не е студиска програма за оптиметрија, како што се очекувало, туку за очна оптика. Значи, не е целосно јасно што се по струка оние кој ја завршуваат оваа студиска програма и нивната позиција на пазарот на трудот не е јасна. За сега единственото нешто што е јасно е дека тие не се во системот на здравството“.
Оптометријата е развиена во Америка како одговор на недостаток на офталмолози и дека таа професија е потребна и високо развиена и таму.
„Според неофицијални статистички податоци, Македонија нема недостаток на офталмолози, а долгите листите за чекање се повеќе прашање на организација отколку недостаток на стручен кадар“.
Очигледен проблем е што офталмолозите, оптометристите ги гледаат како конкуренти, а ние всушност тие се нивни партнери“.
Во Америка, пациентите не можат да одат дури и кај офталмолог, сè додека не направат преглед кај оптометрист. Офталмолозите ги третираат болестите на очи, а диоптријата не е болест, туку рефракциска аномалија што се корегира со очно помагало, очила или контактни леќи. Оптичарите, од друга страна, се одговорни врз основа на веќе препишаната диоптија, да направат најдобри можни очила или контактни леќи. Секој има јасни одговорности, тие не се конкурентни професии.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.






