Дегенерација на макулата
Дегенерација на макулата поврзана со возраста е најчестата причина за тешка неповратна загуба на видот кај луѓето над 60 годишна возраст во развиените земји.
Макулата предтставува центар за јасен вид, една мала област во централната ретина, која ни овозможува централен вид и гледање на блиску. Овој тип на заболување се развива како дел од природниот процес на стареење на организмот. Дегенерација на макулата означува оштетување на делот од окотото, кој е одговорен за централниот вид и фините детали кои ги гледаме.
Форми
Форми на дегенерација на макулата поврзана со возраста.
- Сува форма (неексудативна)
- Влажна форма (ексудативна, неоваскуларна)
Сувата форма на заболувањето е почеста, се јавува кај 90% од пациентите со оваа болест. Загубата на централниот вид настапува постепено, за подолго време. Влажната форма, која се сретнува приближно кај 10 % од пациентите и загубата на видот настапува за пократко време. Кај неа има создавање на нови крвни садови под ретината, заради што доаѓа до насобирање на течност и крварење во макулата, при што за кратко време значително се намалува видната острина.Сувата форма во понапреднат стадиум може да помине во влажна форма.
Симптоми
- Метаморфопсија – искривување на сликата, предметите и буквите.
- Микропсија – намалување на големината на предметите.
- Појава на темни флеки пред очите и невозможност за гледање (пациентите се жалат дека по улица не можат да ги распознаат лицата на луѓето, не можат да читат и обично се вртат настрана за да можат да се фокусираат на нешто што сакаат да го видат).
Терапија
- Aнтиоксиданти и витамини од групата на каротеноидите (Лутеин и Зекасантин).
- Aпликација на медикаменти во окото – интравитреална апликација на anti-VEGF.
- Fотодинамска терапија со Visudyne.
Важното е да се знае дека ниту еден од овие методи не може да го излекува потполно заболувањето, туку со нив се добива подобрување на видната острина и се одложува прогресијата на болеста и влошувањето на видот. Шансата за успех, подобрување или одржување на постоечката состојба на видот е во просек 50% и варира од случај до случај во зависност од основната болест, големината на промените во ретината, нивната локализација и времетраењето на болеста. Понекогаш е потребно после некое време измени да се повтори интервенција.
Во 50% од случаите, болеста продолжува по својот тек, што може да доведе до натамошна прогресивна загуба на видната острина. Сепак, болестите на макулата за време на нивното напредување никогаш не доведуваат до целосно слепило, ако тие не се зафатени и други делови на ретината.
Неопходни се редовни контроли и прегледи.
Дијабетичен макуларен едем
Двете форми на ретинопатија можат да бидат придружени со оток на центарот за вид (макуларен едем). Дијабетичниот макуларен едем се карактеризира со насобирање на течност и депозити во макулата, што доведува до нејзино задебелување. Дијабетот доведува до промени на крвните садови во мрежницата. Тие се со зголемена пропустливост и има појава на нови крвни садови кои освен зголемената пропустливост се склони и кон крварење. Макуларниот едем се манифестира со намалување на централната видна острина и искривување на сликите. Представува честа компликација на дијабетот. Пациентите со лоша контрола на дијабетот се со зголемен ризик за ова заболување.
Старосно условена дегенерација на макула
Видот е еден од најважните човечки сетила, со него добиваме и до 80% од сите информации. Затоа е важно да се заштити нашиот вид од сите надворешни негативни влијанија и од работното место, како на пример. сончево зрачење, зрачењето на ТВ екрани или монитор и така натаму.
Исто така со годините се зголемува ризикот од дегенеративни болести на очите, особено макуларна дегенерација, поттикнати од стареењето (SUDM) и катаракта.






