Сподели

Катаракта или перде е болест на очите што предизвикува заматување на очната леќа. Заматената леќа го спречува протокот на снобот од зраци и ја намалува видната острина.

Зошто настанува катарактата?

Постојат четири видови на катаракта, тие се: вродена перде, старечко перде, секундарно перде и трауматично перде. Најчесто се среќаваме со т.н. старечко перде, кое е поврзано со стареењето. Дури 60% од популацијата, помеѓу 65 и 74 години, има катаракта на окото. Причините за создавање сè уште не се целосно откриени. Факторите на ризик главно ја вклучуваат возраст, пол (почесто кај жените), долготрајна употреба на одредени лекови, пушење итн. Катарактата ја сретнуваме и кај млади луѓе и средовечни луѓе. Природната катаракта се јавува кај деца, како последица на некоја вирусна инфекција на мајката за време на бременоста.

Какви проблеми предизвикува катарактата?

Катарактата предизвикува намалување на видот, особено намалување на острината на видот. Степенот на влошување на видот е различен во зависност од типот на катарактата и во зависност од тоа колку болеста е напредната. Симптомите се обично заматен вид, ослабен вид при сончева светлина и не препознавање на бои.

Кога да се посети офталмолог?

Најчесто катарактата не можеме сами да ја приметиме, приметуваме само потешкотии во гледањето и тогаш посетуваме оптометрист или офталмолог. Оптометристот темелно ја испитува причината за влошувањето на видот. Офталмологот е тој што ја третира соодветно и го врши хирушкиот зафат, промена на очната леќа.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: