Сподели

Сигурно мислите дека внимавате на хигиената на вашите очи откако носите контактни леќи, во однос на начинот на кој ги измивате и користите, но тоа најверојатно е далеку од вистината.

Истражување спроведено од „Optometry and Vision Science“ покажало дека само незначителни 2% од луѓето кои носат леќи ги следат правилата кои се однесуваат на хигиената, додека 80% од луѓето се во заблуда дека внимаваат на хигиената и правилно ги користат.

Најлоши навики за оние луѓе кои носат леќи се кога тие спијат, се капат и пливаат без да ги извадат и не ги заменуваат на време, туку откако ќе ми истече рокот. Друга нехигиенска навика е потопувањето на леќите во употребениот раствор во кутичето за леќи, наместо секојдневно менување на течноста, како и фактот дека многу ретко ни текнува да го смениме кутичето за леќи и покрај тоа што добиваме ново, со секоја купена течност.

Во ова истражување, 72% од испитаниците се изјасниле дека почувствувале некаква неудобност поврзана со носењето леќи, а 47% пријавиле дека им се има појавено инфекција на очите од леќите.

Оптомерија.мк ги истакнува потенцијалните проблеми кои можат да настанат од несоодветната хигиена на леќите. Помалку опасен проблем е конјуктивитисот, воспаление кое настанува како резултат на бактериска инфекција. Почетни симптоми се чешање и печење на двете очи, чувство на туѓо тело во окото, црвенило и замаглен вид. Неколкудневно користење капки за очи и соодветна нега, би требало да го решат овој проблем. Најопасно е инфицирањето од бактериите псевдомонади, акантамеба и е-коли, кои можат да предизвикаат губење на видот или целосно губење на окото.

За да се минимизира ризикот од овие компликации, „Оптомерија.мк“  ги нудиме следниве совети:

  • Пред секое допирање на леќите, измијте ги рацете со сапун и вода и убаво исушете ги со крпа која не испушта влакненца.
  • Избегнувајте контакт на леќите со вода (пред да пливате, извадете ги).
  • Никогаш немојте да ги измивате или да ги чувате леќите во вода, без разлика дали е стерилизирана или од шише.
  • Никогаш немојте да ги навлажнувате леќите со вашата плунка (во неа има многу бактерии).
  • Физиолошкиот раствор и капките за навлажнување на очите не ги дезинфицираат леќите.
  • Фрлете ги вашите стари леќи и заменете ги со нов пар кога ќе им помине рокот на употреба. Користете ги онолку, колку што ви кажал вашиот Оптометрист или Офталмолог.
  • Секојдневно измивајте ги вашите леќи со течноста за леќи и редовно менувајте ја онаа во кутичето за леќи.
  • Додека ги чистите леќите, нежно протривајте ги со вашиот прст и потоа исплакнете ги со течност за леќи.
  • Измијте го кутичето со течност за леќи, а не со вода и потоа оставете го да се исуши на воздух.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: